Љубителите на познатите филмови од франшизата за агентот 007, веројатно се сеќаваат на првата Бондова девојка, прекрасната швајцарска актерка Урсула Андерс (86) која рамо до рамо со Шон Конери се појави во првиот Џејмс Бонд чиј наслов беше „Доктор Но“.
Во познатата сцена на плажа, додека излегува од вода, Урсула пленеше со сексапил и занeсна фигура на тело, а важеше за еден од главните секс-симболи во текот на 60-те години на минатиот век.
Меѓутоа, на почетокот на 2000-те години нејзе ѝ била дијагностицирана остеопороза, болест на коските која како што вели и самата на почеток ја игнорирала, што на крајот се докажало како погрешна одлука.
Колку остеопорозата може да доведе до поголеми компликации доколку навреме соодветно не се лекува, докажува тоа дека таа драстично може да ги ослабне коските, а тие тогаш стануваат кревки и полесно може да дојде до скршеници.
Остеопорозата доаѓа практично без симптоми и знаци кои можат да укажат дека болеста се развива и поради тоа често доцна се дијагностицира.
Експертите објаснуваат дека таа често не предизвикува болки, сè додека не дојде до кршење на коските како последица на пад.
Поради тоа што таа често го зголемува ризикот од кршење на коските, а заболените можат да завршат и во инвалидска количка.
Пред 10-на години Андрес во едно интервју изјавила колку тешко ѝ било тоа и дека жалела што навреме не го послушала својот доктор. Таа пред дијагнозата немала никакви симптоми.
„Тоа ми беше многу чудно поради тоа што не чувствував никакви болки, ниту знаци за предупредување дека нешто не е во ред“, изјавила таа во една прилика.
Недостатокот на калциум во организмот и неговото недоволно внесување е клучна причина за остеопороза. Овој минерал ги јакне коските, така што влијае на нивната густина, а со самото тоа и на цврстината.
„Тоа беше многу глупаво од мене поради тоа што одбив сериозно да ја сфатам дијагнозата. Докторот ме советуваше дневно да консумирам лекови кои спречуваат ослабнување на коските, како и калциум“, изјавила таа.
Меѓутоа, тоа што ѝ било чудно е тоа што редовно го внесувала тој минерал со помош на млечни производи и храна богата со калциум, но во нејзиниот случај покрај неадекватниот начин на живот и генетиката имала важна улога.
Студиите покажале дека остеопорозата е поприсутна кај жените и според статистиката погодува една од пет жени постари од 50 години.