Трагичната судбина сакаше Благоја Георгиевски Буштур да загине на роденденот на неговиот кошаркарски татко Лазар Лечиќ. Имено, денеска Лечиќ го прославува 81. роденден, кој наместо со радост и веселба, сепак, ќе мине со плач и солзи поради фактот што на истиот ден остана без својот кошаркарски наследник.
Инаку, Буштур беше еден од иницијаторите на големата академија која лани беше организирана по повод 80. роденден на популарниот Грк, но, за жал, тоа беше последната роденденска прослава на која присуствуваше на својот кошаркарски татко.