-Има доста пациенти со тешка клиничка слика што доаѓаат кај нас, а вирусот не се детектира со тестовите, прашање е дали постојните тестови ќе може да ја детектираат и оваа мутација. Мутираниот вирус веројатно го има и во Македонија – вели д-р Нино Беќаровски од Клиниката за токсикологија во Студио 10 на ТВ24.
– Претпоставките се дека ПЦР тестот овој вирус ќе може да го излаже и најверојатно ќе имаме повеќе лажни негативни тестови. Сите вакцини таргетираат неколку цели на истиот протеин, не може да се зафатат сите таргетни единици. Може да се случи да се има пократкотраен имунитет, но сигурно ќе постои имунитет. Се створи голема фама за вакцините, виновни сме и ние лекарите. Во оваа епидемија има луѓе што многу се збогатија и во нивен интерес е ова да трае, се трудат да има во јавност шпекулации. Досега 4 вакцини се направија и сите створија очекувани алергиски реакции и ништо повеќе од тоа. Првите знаци се оптимистички, вели д-р Беќаровски и додава:
„Настана и психоза и паника со новиот вирус, но нема потреба толку трагично да се разбираат работите. Секој вирус си има развојни етапи. Целта на вирусот е да зарази што повеќе луѓе. Се смета дека околу 4.000 мутации веќе се случиле, а некои се посилни од оригиналниот вирус. Во Лондон постепено овој вирус се пренесувал од еден на друг и го истиснувал претходниот вирус. Досега проценките беа дека 1 човек заразува максимум до 1.5 луѓе околу него. Колку поголема количина исфрлена аеросоли од организмот, толку поголема опасност од зараза“ – вели Беќаровски.