Oткако на 18. декември доби отказ од Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо си најде нова работа.
Денес реномираниот Дејли Меил од свои добро упатени извори пренесе информација дека Португалецот сепак и понатаму ќе остане во фудбалот, но не како тренер, барем засега. Се наведува дека Мурињо се договорил со катарската телевизија Беин спорт да биде стручен коментатор за време од преносите на натпреварите од Азискиот Куп.
“ Среќни сме што можеме да му посакаме добредојде на Мурињо. Тој е еден од најголемите тренери на денешницата и неговата харизматичност и стручост убедени сме дека ќе им се допадне на нашите гледачи ширум светот“ изјавил преставникот на телевизијата Џонатан Витхед.