Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо откри интересна информација поврзана со неговиот престој во Манчестер Јунајтед. Португалецот додека беше тренер на тимот од „Олд Трафорд“, истакна дека живеел во хотел заради обврските.
“Немаше да бидам среќен ако живеев сам во куќа. Ќе требаше да чистам. А, не сакам. Ќе требаше да пеглам. А, не знам како. Ќе требаше да готвам. А, единствено нешто што знам е да испржам јајца и колбаси. Знам само тоа. Затоа така одлучив“, изјави Мурињо.
Трофејниот тренер кој има 56 години седеше на клупата на „ѓаволите“ од 2016 до 2018 година.