Жозе Мурињо не е повеќе тренер на Тотенхем.
Медиумите од Островото пишуваат дека Португалецот добил отказ, а се чека само официјална потврда од клубот. Екипата до крајот на сезоната ќе ја води Рајан Мејсон.
На шест кола до крајот на сезоната, лондонскиот тим е седми во поредокот во Премиер лигата, со 4 бода помалку од местата кои обезбедуваат пласман во европските купови.
Мурињо го презеде Тотенхем есента 2019 година, на местото на Маурисио Покетино, кој беше отпуштен поради лошиот старт на сезоната. Под водство на португалски специјалист, тимот заврши на шестото место во англискиот шампионат и се пласираше во Лигата на Европа, од каде неодамна беше елиминиран во 1/8-финалето од Динамо Загреб.