Мурињо го бараат во Македонија

by Тони Зографски

Откако доби отказ од Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо има шанса да се пресели во Македонија.

Така, со порака преку Твитер Португалец доби понуда од македонскиот третолигаш Осогово.  Преку својот профил кочанчани му испратија директна понуда на Мурињо да седне на клупата на нивниот тим.

 

„Мурињо, дојди си кај нас. Нема што да загубиш бидејќи сигурно ќе бидеме шампиони, а патем ќе го научиш македонскиот јазик“, пишува во твитот на тимот од Кочани.

Инаку, Осогово е лидер во Третата фудбалска лига.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com