Фудбалската репрезентација на Македонија не успеа да избори историски пласман на Светското првенство во Катар откако загуби од Португалија со 0-2 во финалето на баражот одиграно вечерва во Порто.
Избраниците на Благоја Милевски бодрени од околу 1.500 македонски навивачи на стадионот „Драгао“ се носеа добро со фаворизираниот противник, обидувајќи се главно преку контранапади во првото полувреме, додека во вториот дел заиграа и поофанзивно, но не успеаја да создадат посериозна шанса.
Бруно Фернанеше во 34. минута по асистенција на Роналдо стрелаше за 1-0. А на сето тоа му претходеше грешката на Стефан Ристовски.
Португалија го зголеми водството на 2-0, откако при обидот Барди да повлече напад, згреши, а по брзата контра повторно ѕвездата на Манчестер јунајтед, Фернандеш во 65-та минута ја погоди нашата мрежа.