Композиторот, музичар и основач на групата „Балканика“, Александар Сања Илиќ почина вчера на 70-годишна возраст од коронавирус.
Тој пред неколку дена бил хоспитилизиран и ставен на респиратор. Лекарите потврдиле дека неговата состојба била критична, бидејќи седум години претходно имал леукемија, а не знаел.
Како што пренесува Курур.рс, леукемијата била еден од најголемиот фактор што неговата здравствена состојба се влошила, што кулминирало со смрт.
Инаку, Сања Илиќ беше во брак со една од најубавите глумици во екс Југославија, Злата Петковиќ, која почина во 2012 години. Со неа го има синот Андреј. Пред пет години музичарот се ожени со својата партнерка Татјана Карајанов.