Поознатиот музичар од Битола, и своевремено тапанар во групата ,,Екстра Бенд” Горан Јосифовски утринава загина во сообраќајна несреќа, пренесува „Фокус“.
Тој излетал од патот со возилото, додека одел на работа, односно разнесувал прехранбени продукти во маркети.
“На 17.02.2021 околу 05.25 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола – Прилеп, патничко возило „комбе“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј. (36) од Битола, излетало од патот. Од здобиените повреди возачот починал на самото место. Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт, а во координација со јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Извршен е увид на местото на несреќата од увидна екипа на СВР Битола“ – информираат од МВР.
Инкау, Горан Јосифовски зад себе ја остави сопругата и две малолетни деца, синче и ќеркичка.