Американската музичарка Кет Џенис умира, а во своите последни моменти од животот решила да се погрижи нејзиниот син Лорен да биде обезбеден откако таа ќе почине.
Кет боледува од сарком, малигнен тумор. Таа неодамна објави песна наречена „Dance You Outta My Head“ и ги покани ТикТокерите да ја слушаат и да ја користат во нивните видеа. Авторските права на песната ги дала на својот син, па тој ќе ги добие сите пари од овој сингл.
Во ноември 2021 година, Џенис почувствувала грутка на вратот, но мислела дека не е ништо сериозно. Во март 2022 година, таа одлучила да оди на лекар бидејќи грутката се зголемила.
Тогаш ја дознала дијагнозата. Музичарката била подложена на хемотерапија и операција, а во јули 2022 година објави дека е излекувана. За жал, во јуни минатата година дознала дека ракот се вратил, т.е. ги зафатил белите дробови.
Кет на почетокот на овој месец на своите следбеници на социјалните мрежи им откри дека има мали шанси да преживее.
„Се борев напорно, но саркомите се премногу тешки. Сите пари од музиката ги пренасочив кон мојот син. Сакав да објавам уште една песна пред мојот роденден. Сакам мојата последна песна да донесе радост и забава. Тоа е сè што сакав преку борбата со ракот.Посакувам да можев да ви се обратам, но го загубив гласот. Ве молам направете ми услуга и зачувајте ја мојата последна песна која се наоѓа во описот на мојот профил. Ви благодарам на љубовта и се надевам дека ќе ви се допадне песната. Се гледаме во рајот“, напиша таа.
„Таа сака да го напушти овој свет среќна и да ги „натера“ луѓето да танцуваат. Мислам дека објавувањето на „Dance You Outta My Head“ како нејзина последна песна покажува каква личност е таа“, изјави нејзиниот брат.