Пејачот Мухарем Сербезовски го скршил колкот на снимање на новогодишна програма во Белград, по што бил пренесен во болница. Додека лежи на масата за операција, популарниот музичар заедно со лекарите го испеа својот најголем хит „Зашто су ти косе побелеле друже“.
Иако лекарите првобитно мислеле дека не дошло до поголеми повреди, состојбата на Муарем се закомплицирала, па на крај морал да оди на операција на колкот.
Видеото се споделува на социјалните мрежи, каде што коментираат дека лекарите никогаш нема да ја заборават оваа операција.