Aсистенот на Игор Ангеловски во стручниот штаб на македонската репрезентација, Џенгис Реџепи, од денеска треба да го преземе кормилото на косовскиот прволигаш Лапи.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, Реџепи во текот на денешниот ден би требало да биде официјално претставен на клупата на тимот од Косово.