“МОЈОТ СИН НЕ БЕШЕ НАСИЛНИК“: Се огласи мајката на напаѓачот кој уби 19 деца во училиште во Тексас (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Мајката на Салвадор Рамос (18), кој уби 19 деца и двајца учители во училиште во Тексас, тврди дека тој „не бил насилен човек“.

Адријана Рејес изјави дека била „изненадена“ што нејзиниот син во вторникот отворил оган во основното училиште Роб во Увалде.

Таа призна дека нејзиниот син бил осаменик кој „се држел за себе и немал многу пријатели“, но ги отфрлила тврдењата дека имала лоша врска со него.

– Мојот син не беше насилен човек. Изненаден сум од тоа што го направи. Се молам за тие семејства. Се молам за сите тие невини деца. Тие немаа никаков удел во ова – изјави таа за Дејли Меил.

– Имав добар однос со него. Се држеше до себе, немаше многу пријатели – додала таа.

Таа рече дека последен пат разговарала со него минатиот понеделник, на неговиот роденден.

Таа во интервју за британскиот таблоид не ги спомна шпекулациите дека користел наркотици и дека синот ја оставил да живее кај баба му, која ја застрелал пред да започне крвав поход во основното училиште каде што одат децата од пониските одделенија.

останати вести