Водителката на временска прогноза Кели Пласкер, извршила самоубиство на 42-годишна возраст. Детали за трагедијата не биле откриени, но тие ја споделиле оваа трагична вест на телевизијата на која таа ја водела временската прогноза.
„Нејзината ненадејна смрт рано утрово ги скрши нашите срца. Тоа беше светла точка во нашите животи, секој викенд наутро. Ни ја покажа својата страст во временските прогнози, ни ја покажа нејзината љубов и големо срце за кое секогаш ќе бидеме благодарни“, изјавил водителот Кејс Вилбанк.
Пред смртта, Плакер објавила трогателна порака на социјалните мрежи, во која им се заблагодарува на сите што ги сака, но исто така дала детали за своето ментално здравје.
“Ви благодарам за сè што ми беше потребно да ги разберам и признаам гревовите за кои сум одговорна. Ве сакам мои пријатели, мојот мозок е скршен и не можам повеќе да поднесувам“, било наведено во соопштението.
Инаку, Кели доживеала голема трагедија во 2018. година, кога нејзиниот 19-годишен син Томас се самоубил. Никогаш не се опоравила од трагедијата, па решила да си го одземе животот.