Козметичарката Кортни Харгривс спиела со четворица мажи пред да го запознае својот сопруг Елиот, кој и признал дека спиел со 126 жени пред неа.
Кортни (23) и Елиот (24) се венчале минатата година и имаат две мали деца. Од својата 18-та година, Елиот често бил со различни девојки и признал дека спиел со 126 жени. Кортни смета дека тоа е добра работа.
„Со толку искуство колку што има, сексот со него никогаш не е досаден. Дивиот човек може да се смири, а придобивките се огромни”, изјави таа за The Sun.
„Се турна во редот пред мене и ме шармираше. Сите знаеја за неговата репутација, дека ретко оди дома сам и спие со еден куп жени. Не ме интересираше некој таков и му реков да се тргне.Не сакав да бидам само уште една во неговиот кревет. Но повторно се сретнавме три месеци подоцна. Почнавме да разговараме и тој не проба ништо. Ми понуди да ме однесе дома и јас се согласив да одам кај него и кафе. Јасно му ставив до знаење дека сме само пријатели. Сепак останавме будни во текот на ноќта разговарајќи и се заврши со секс. Тој беше многу самоуверен во кревет“, рече таа.
Мислела дека ќе побара веднаш да замине, но тој ја прашал дали сака да остане на појадок.
„Му реков дека сум загрижена дека ќе изгуби интерес за мене кога сфати дека ги немам сите „потребни вештини“, но тоа воопшто не му пречеше. По таа прва ноќ, никогаш не заминав“, се присети таа.
Шест месеци откако почнале да излегуваат, Кортни забременила, а Елиот ја запросил еден месец пред да се роди машкото бебе. Пред десет месеци добиле и ќерка.
„Денес јас сум таа кој има корист од дивите денови на Елиот. Знам и дека тој сега е прекрасен сопруг и татко затоа што „сето тоа го извади од својот систем“. Сè уште имаме секс најмалку три пати неделно, и Елиот ме изведува на таков начин што понекогаш се уште се чувствуваме како момче и девојче“, заклучи таа.