Американската актерка и комичарка Кети Грифин (63), пораснала во големо семејство. Како што признала, нејзиниот живот го одбележал постариот брат Кени којшто бил педофил.
И, додека членовите на нејзиното семејство молчеле и се правеле дека не знаат што прави тој, Кети јавно говорела за склоноста на нејзиниот брат. Повеќе пати се обидувала да го запре, повикувала полиција, но ниту тие не можеле да направат нешто.
Семејна тајна
Строго чуваната семејна тајна на постариот брат, Кети ја обелоденила во својата автобиографија „Мојот живот на Д-листа“ во која до детаљ го опишала растењето покрај братот педофил.
Таа признала дека Кени се однесувал сексуално непристојно дури и кон неа кога била мало девојче иако му била сестра.
„Тоа беше ужасно. Тој ми беше брат. Двапати викав полиција во Лос Анџелес затоа што мојот брат стана домар, имаше клучеви од сите станови во зградата и така полесно имаше пристап до жртвите. Злоставуваше и девојчиња и момчиња затоа што на поголем дел од педофилите не им е гајле за полот. Мене семејството ме стави на столбот на срамот затоа што се залагав за негово апсење“, раскажала Кети во едно видео на својот ТикТок профил, пренел „The Independent“.
Како што објаснила, дури и кога ја повикала полицијата тие практично не можеле ништо да направат.
„Ми кажаа дека можат да одат и да тропнат на вратата од жртвите, па да ги прашаат за тоа или нејзиниот брат во полициска станица да признае што им правел на децата. Бев згрозена и само реков: Дали навистина мислите дека дете од 10 години ќе дојде во полициска станица во Бронкс и ќе бара помош? Во ова злосторство тоа не оди така. И така ништо не се случи“, раскажала актерката.
Според нејзините зборови, со ноќи не можела да спие размислувајќи за неговите жртви.
„Ме прогонуваше тоа што никогаш не можев ништо да направам, размислував само за тие деца секој ден, за неговите жртви… Најтажно од сѐ е тоа што многу ретко доаѓа до судење за вакви злосторства. Јас никогаш не можев ништо да направам за својот брат, не можев да го запрам и се чувствував беспомошно“, изјавила Кети.
Тоа што тој бил нејзин брат не ја спречил јавно да говори за тоа и барем на тој начин да предупреди на него.
„Крвта во мојот случај не беше погуста од водата. И, доколку знаете дека некој врши злосторство над дете треба да направите нешто доколку можете. Боже, барем обидете се“, порачала популарната комичарка.
Како што кажала, нејзиниот брат Кени на крај завршил зад решетки, но не поради педофилија туку поради други проблеми со законот, а во затворот починал.