Пасторка ја напушти црквата за да стане стриптизета и собра илјадници платени обожаватели да ги видат нејзините разголени фотографии и снимки. Никола Мичел, мајка на три деца, рече дека отсекогаш сакала да стане еротска танчерка, но е израсната во строго христијанско семејство кое ги гуши нејзините соништа. Пред неколку години, таа призна дека е бисексуалка и откако ја напушти црквата, започна да се занимава со стриптиз и еротски танц.
Никол редовно објавува провокативни фотографии на Инстаграм, каде ја следат повеќе од 42 илјади луѓе, но има и успешен профил на платформата „Само фанс“, каде што луѓето плаќаат за нејзините експлицитни фотографии и снимки. Таа откри дека првично била срамежлива и објавувала фотографии топлес, но денес нема проблеми со фотографирање според барањата на клиентите. 36-годишната девојка рече дека секогаш сакала да биде стриптизета, но израснала во строго семејство на Баптисти, па затоа „беше индоктринирана да верува дека моите желби и тело се вродено грешни и лоши“. Никол се омажила и станала пасторка и вели дека нејзиното семејство овој чин го гледа како бунтовен, бидејќи во нивните очи „жената е за кујна и чување деца“.
Но, кога Никол и нејзиниот сега веќе поранешен сопруг се придружија на евангелската мега-црква во Ст. Паул во Минесота, вели дека „имала привидение па донела одлука што ќе и го промени животот“. Таа вели дека црквата била отворена за родова еднаквост во рамките на верата и во 2016 година започнала да ја доведува во прашање сопствената сексуалност откако отишла на ЛГБТ-ориентирана театарска претстава. Таа додава дека тогаш открила дека е бисексуална и пансексуална.„Знаев дека ако ја откријам мојата чудност, ќе изгубам сè затоа што црквата не е добронамерна кон овие луѓе“, рече таа. Таа вели дека не сакала да живее дволичен живот, па затоа ја напуштила црквата засекогаш, а за тоа говорела на видео што го објавила на Јутјуб во 2017 година.
Никол, која оттогаш се пресели во Лос Анџелес и се разведе од сопругот, вели дека е посреќна од кога било. „Секоја личност има право да се изрази на кој било начин што им изгледа добро, и мене ми е добро“, додаде таа.
“Мојата сексуалност е неверојатно лековита и света. И кога ќе им ја дадам на луѓето, таа ги благословува”.