Поранешната пратеничка Ленче Николовска се огласи на Фејсбук, откако вчера беше објавено дека поради последици на коронавирус, починал нејзиниот сопруг Тони Николовски.
„Мојата потпора во животот, мојата единствена љубов, не е веќе меѓу нас… Тончи, срцка, ти благодарам за сета добрина и умешност со која го создаде нашиот свет. Почитувани пријатели, роднини, колеги… ви благодарам на сите што сте со мене во овие тешки денови“, напиша Николовска.
Инаку, Тони Николовски беше советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и поранешен снимател, со искуство во повеќе медиумски куќи, по тешки компликации од коронавирусот.
Тој работел како снимател во Агенција Анадолија (АА), Сервисот на македонски и Сервисот на албански јазик во Скопје, од 2015 до 2020 година, пред да стане советник во МЗШВ.