Ким Кардашијан има четири деца од бракот со раперот Канје Вест, од кој своевремено се разведе.
Како причина за разводот, Ким наведе: „Поради своите деца и сопствениот разум го направивме тоа“, а потоа таа го вратила и своето моминско презиме.
Слободното време Ким го поминува со децата Норт, Сејнт, Чикаго и Псалм, а на Денот на мајката таа споделила писмо кое ја насмеало и неа и нејзините следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.
„Мојата мајка има 22 години“, пишува на почетокот од писмото, иако старлетата има 42 години, но тоа не е она што најмногу ја насмеало.
На прашањето што мајка ѝ најмногу сака да готви, во одговорот пишува:
„Мајка ми не готви. Таа има готвач“, напишала Чикаго, ќерката на Кардашијан, на што таа кратко прокоментирала: „О, мој боже“.
„Омилено јадење ѝ е салата. Кога одмара, најмногу сака да спие во својот кревет. Сакам да играм со неа. Многу е добра во теретана. Мојата мајка е специјална затоа што ме сака“, пишува во останатиот дел од писмото.
Потоа Кардашијан се „оправдала“, објавувајќи на „стори“ како подготвува нешто:
„Чи погреши, јас готвам“, напишаа Ким.