Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со објава на својот Фејсбук профил остро удри по власта.
“Разбирам дека во СДСМ има многу проблеми, разбирам и дека немаат резултати со кои ќе се пофалат, но не ја разбирам нивната потреба со лаги да го покријат сето ова.
Во наредните 24 часа нека најдат макар една изјава од мене или од било кој од раководството на ВМРО-ДПМНЕ каде докторите се нарекуваат убиjци и јас сум спремен да се извинам, во спротивно очекувам Зоран Заев да излезе и да се извини поради таквите ла ги на грбот на лекарите.
Не ги бранат тие лекарите, се бранат себе за неорганизираниот здравствен систем, за доцнењето на вакцините…
Знаат Заев и Филипче, знаат, и затоа се бранат себе си.
И сосема на крај да посочам дека и мојата мајка е доктор, оттука е и сосема неприродна ваквата лага на Заев.
Проблемите во СДСМ не се проблем и на државата и народот“, напиша Мицкоски на Фејсбук.