Поранешната сопруга на познатиот тенисер Борис Бекер, Лили, остана во топлес, откако на плажа во Мајами ја удри бран.
Лили Бекер (42) , која минатиот мај се разведе од Борис Бекер по девет години во брак, викендов уживаше на плажите на Мајами. Поранешната манекенка ужива со својот деветгодишен син Амадеус. Но, додека се капеа во морето, папараците уловија момент кога брановите “ја соблекоа” Лили во топлес. На тоа Лили само се насмеа , го поправи костимот за капење и продолжи да плива во морето, без да ја интересираат погледните на бројната публика.