Последниве месеци медиумите пишуваат за влошената здравствена состојба на американскиот актер Морган Фримен (86).
Откако во јули поради ненадејно боледување ја пропушти промоцијата на новата серија, неговиот пријател изјави дека актерот е во здравствена криза.
Видеото од Морган како излегува од зграда во Њујорк придружуван од неговиот тим стана вирално на TikTok. Беше лежерно облечен, полека се движеше, но им мавташе на насобраните фанови. Многу корисници на TikTok напишаа во коментарите дека забележале еден детал на актерот. Имено, тој носел ракавица.
„Што се случи со неговата рака?“, „Ме боли да ги гледам Фримен и Брус Вилис вакви. Тие ми се омилени актери“, „Зошто има ракавица?“, „Сакам Морган да живее вечно“, напишале фановите во коментарите.
Актерот боледува од фибромијалгија, хронична болест која се карактеризира со зголемена чувствителност на болка во одредени делови од телото. Во 2008 година тој доживеа тешка сообраќајна несреќа во Мисисипи и беше тешко повреден.
Неговиот автомобил завршил во канал, а од местото на несреќата бил однесен со хеликоптер. Резултатот од таа несреќа е парализа на левата рака. Хирурзите се обиделе да му ја спасат раката на Фримен, но оштетувањето на нервите било преголемо.
Пријателите се загрижени за неговото здравје, особено што летово за краток период ослабе 11 килограми.
“Морган е сè уште еден од највредните луѓе во Холивуд. Но, кутриот човек има неверојатни болки. Боли кога оди, кога станува од стол, дури и кога само мрда со рацете. Тој најмногу страда во тишина, но најчесто е во агонија“, вели извор за американски таблоид.
“Кога имате толку многу болки, апетитот едноставно ви исчезнува. Затоа сме загрижени за него”, додал друг извор. Сепак, неговиот претставник за истиот портал изјавил дека тврдењата на пријателот се „невистинити“. Сепак, на крајот на јули се појавија фотографии од Фримен на црвениот тепих, кои го привлекоа вниманието на јавноста, бидејќи на нив актерот изгледал видно послаб.