Музичар, кој себеси се нарекува принц Миднајт, решил да направи електрична гитара од коските на неговиот покоен вујко.
Вујкото Филип, според Принц, го запознал со светот на метал музиката и бидејќи според православната религија на неговата родна Грција, на кремирањето не се гледа со одобрување, тој го овековечил вујко му на свој начин.
Скелетот на Филип бил дониран на еден локален унверзитет за студентите по медицина да го набљудуваат и учат, но кога веќе немале корист од тоа, му го вратиле на семејството кое не сакало да го кремира, па тој завршил кај принцот Миднајт.
Додал врат на гитарата, магнети, потенциометри и целата неопходна електроника на градите, ‘рбетот и карлицата и ја создал единствената ваква гитара на светот.
“Вујко ми може сега може да свири до вечноста. Тој тоа би го сакал, и јас сум многу горд на овој проект и дека му служи во чест на вујко ми, неговиот живот и неговото влијание врз мене”, изјави Миднајт за Унилед.
Фотката може да се погледа овде: