Гробот на докторот Тимоти Кларк Смит, кој се наоѓа во Њу Хевен, во американската сојузна држава Вермонт, го привлекува вниманието на љубопитните веќе 130 години.
Местото каде што почива е уникатно поради еден необичен детал – прозорец на надгробната плоча.
Зошто Смит (1821-1893) побарал да биде погребан во гроб со прозорец?
Се верува дека причината се крие во тафофобијата, односно психопатолошкиот страв да не биде жив закопан, пренесува LadBible.
Не само што дизајнирал специјален ковчег и надгробен споменик, туку е поставено и ѕвоно кое можело да се активира однатре.
Поставена е и цевка за дишење, која ќе му овозможи на Смит мирно да ги чека спасувачите.
Љубопитните луѓе и денес го посетуваат необичниот гроб, но ништо не можат да видат. Причината? Кондензација (најверојатно предизвикана од распаѓање на телото на починатиот) целосно го замаглила стаклото.