Со колона од 15 камиони 50 војника синоќа ги пренесувала ковчезите со телата на починатите од коронавирусот од градот Бергамо, кој не може да се справи со големиот број на жртви.
На социјалните мрежи се појавија фотографии и снимки.
Во Бергамо има голема криза со бројот на заболени и починати. Поради големиот број жртви, релевантните служби ја ангажираа армијата да ги пренесе ковчезите на починатите со воени камиони во пооддалечените градови, со цел тие треба да бидат кремирани таму.
Вкупно 31 ковчег со телата на жртвите ќе биде кремиран во Модена, јавува италијанска „Република“, додека „Кориере дела Сера“ пишува дека шеесет ковчези ќе бидат преместени со воени камиони во други градови, во други покраини, каде што ќе бидат кремирани.
Инаку, во Италија вкупно 35.713 лица се разболеле, додека 2.978 починале.
I was sent this video from Bergamo, Italy. The military has been asked to transport dead bodies and coffins because there are no more spaces in the crematoriums or the mortuaries. #COVID19 pic.twitter.com/PGVuuqxEoh
— Alessandra (@alessabocchi) March 18, 2020