Српскиот пејач од повозрасната генерација, Миланче Радосављевиќ често беше мета на непријатни информации и шпекулации во текот на неговата кариера.
Познатата приказна која ги шокираше сите, е дека тој е жив закопан. Како што и денеска се раскажува, го удрило гром, го закопале со хармониката, а крадците не чекале долго. Го откопале гробот, а тој наводно бил жив.
„Во младоста, Миланче доживеал нешто што е еднакво на најбизарната филмска приказна – клиничка смрт откако гром удрил во дрвото под кое седел. Бидејќи мислеле дека умрел, семејството го закопало заедно со хармоника која едвај ја купил и за која се позајмиле неговите родители Тоа чинело тогаш 25.000 динари, а платата на татко му била само 6.000.
Според зборовите на неговите соселани, крадци веднаш по погребот отишле да го украдат инструментот, а потоа ги зафатил вистински хорор! Имено, кога го ископале гробот, Миланче бил жив и наводно засвирел во моментот кога се обиделе да му ја украдат хармоника. Од тоа место побегнале, а нивниот чин се смета за благослов – затоа што тоа било клиничка смрт.
Миланче, сфаќајќи што всушност се случило, весело си заминал дома и по пат свирел на хармоника. Се појавил на прагот носејќи ја својата скапоцена хармоника! После тоа, татко му ги барал крадците за да ги награди, но никој никогаш не се огласил“.
Во голема исповед за српски Курир, Миланче изјавил дека ова е најголемата лага што ја прочитал за себе сиве овие години колку што е на музичката сцена.
– Сум слушнал секакви работи за себе, но тоа е најголемата лага, урбана легенда на која не можам да и ставам крај. Велат дека ме удрил гром, дека ме закопале со хармоника, која веднаш потоа отишле да ја украдат крадците. Кога гробот бил ископан, јас сум бил жив. Сега ставам крај на таа приказна. Појма немам од каде доаѓа, но знам дека е увезена и знам и кој ја увезе. Нема вистина во тоа. Првиот пат кога ја слушнав таа приказна беше на свадба во Рушње, дојдов кај мајка ми и и реков: „Двајца млади доаѓаат и ме прашуваат дали сум загинал!“ Мајката вели: “Еј, што нема да слушнам!” Кога тогаш не се онесвести – заклучил познатиота пејач.
Тој доживел уште еден морбидност во емисија во живо, кога еден гледач го убедувал дека е мртов.