Српскиот епидемиолог Дарија Кисиќ Тепавчевиќ денеска изјави дека размислува да се ограничи работата на ноќните клубови, бидејќи според неа, тие се најголем извор на зараза во Србија.
-Мораме да размислиме околу ограничување на работата на ноќните клубови, да се редуцираат излегувањата на младите до наутро. Знам дека таквата мерка не е популарна, но е неопходна. Тие се најголеми расадници на инфекција – изјавила Кесиќ и додала:
-Можеме дома да направиме голема трагедија со таквото однесување.
Според докторката, сите треба да се однесуваме како да го имаме вирусот и дека можеме некого да заразиме.
-Почетокот на летото не е период кога очекуваме епидемија да “збувне“, но гледам дека ковид-19 се шири со голема брзина штом се створат услови за тоа, -изјавила Кисиќ Тепавчевиќ.