Актерката Неда Арнериќ ќе биде подолго во болница, најверојатно уште еден месец, бидејќи здравствната состојба сеуште не и нормализирана. Докторите инсистираат нејзиниот организам потполно да се исчисти од апчињата за смирување која ги испи заедно со лекот за хипертензија.
Една од причините за подолгиот престој на Неда во болница е и тоа што за неа дома нема кој да се грижи, откако пред три месеци почина нејзиниот сопруг. Исто така мора да има медицинската грижа и поради нејзината лоша психичка состојба.
(Фото: Д. Дервишагиќ)
Инаку, пред пет дена Неда Арнериќ се обиде да се самоубие во својот стан во Врачар. Нејзиниот брат пријавил бидејќи Неда не одговарала на телефонските повици. До станот бргу пристигнале пожарникари и бравари. Вратата на станот била заклучена и клучот оставен во бравата од внатрешна страна. Кога влегле во станот ја пронашле актерката во безсвесна состојба, а околу неа имало лекови.