Додека низ светот кружат шпекулации дека војната помеѓу Шакира и Пике е само претстава за јавноста, на социјалните мрежи се појави видео кое ги вознемири фановите на пејачката, а еден од главните актери во истото е мајката на Пике, Монсерат Бернабеу.
Многумина ја осудија Шакира откако се појави веста дека поставила кукла вештерка на балконот, свртена кон домот на поранешната свекрва и „скокнаа“ во одбрана на Монсерат со зборовите дека не треба да се мешаат другите членови на семејството во љубовните проблеми.
Но, многу од нив сега го променија мислењето откако се појави видео на кое Шакира и нејзината свекрва се расправаат и кое покажува дека презирот кон неа кој пејачката го чувствува, не настанал без причина.
Во еден момент, на видеото се гледа како мајката на Пике бесно ја фаќа Шакира за лице, а потоа ѝ гестикулира да молчи додека Пике стои на страна и само ја набљудува ситуацијата.
„Замислете некој да се дрзне вака да ве фати за лице пред сите“, „Срамота е што Пике не реагира“, „Со недели глуми светица, а сега го покажа вистинското лице“, „Кој знае Шакира колку долго го трпела ова“, „Цел овој однос делува токсично“, „Сега ми е јасно зошто постави кукла вештерка на балконот“, се само дел од коментарите на бесните фанови на Шакира на социјалните мрежи.
Инаку, инцидентот кој дури сега се прошири на интернет датира од претходно, но не е познат точниот датум.
I am fuming.
You had me fooled Mr. Piqué and Mrs. Montessori you as well.
DTA. pic.twitter.com/JDMykFqX1d
— Asandé (@kewchiy) January 23, 2023