Тринаесетгодишно девојче било принудено да се омажи за 48-годишен маж на свадбена церемонија на Филипините. Свадбата се одржала во градот Мамасапано.
Вознемирувачките фотографии се доказ за ужасна практика која им дозволува на девојките да се венчаат под принуда.
На една од шокантните слики се гледа како маж бакнува дете во образ, пренесува Mirror.
Девојката – невеста станала петта сопруга на Абдулрзак Ампатуан, а венчавката била извршена според исламските обичаи.
„Среќен сум што ја најдов и што ги поминувам деновите со неа грижејќи се за моите деца“, рекол тој за својата венчавка.
Тој планира да има деца со својата петта сопруга кога таа ќе наполни 20 години.
Тој додаде дека ќе ја испрати на училиште за да биде подготвена да стане мајка.
Во некои делови на Филипините, особено во регионот Минданао со мнозинско муслиманско население, на малолетните девојчиња им е дозволено да се венчаат веднаш штом ќе добијат менструација.