Основниот суд во Пожаревац го осуди на 30 години затвор Горан Микуљевиќ од Смедеревска Паланка, поради тешко убиство на Христина Илиќ од Породин.
Според информациите од српските медиуми, Микуљевиќ на 30-ти септември во Породи на убил Христина во нејзината куќа, откако ја избодел со нож. Мотив за злочинот е користољубие, затоа што имал намера да ја ограби, затоа што сметал дека поседува пари и злато, како девизна пензионерка.
По убиството, од куќата однел 3.000 евра, девет златници и златен накит. Тој знаел дека Христина таа вечер ќе биде сама, а нејзината снаа таа вечер отпатувала во бања.