Моника Селеш, една од најдобрите тенисерки во историјата, која во свое време беше непобедлива, најверојатно ќе му биде тренер на најдобриот тенисер на сите времиња, на Новак Ѓоковиќ.Познато е дека Селеш е родена во Нови Сад во 1973 година, но со децении живее во САД.
На прашањето дали ова е вистина, Новак на пресот имаше свој одговор:
„Како да ми ги читате мислите… Но, не можам да кажам ништо повеќе. Зборував за такво нешто, ајде да видиме. Ќе бидете информирани. Ова се некои почетни разговори, повеќе е на емотивна страна, отколку што сакам нешто толку долгорочно. Повеќе е нешто што би ми значело многу. Мислам дека е јасно за кого станува збор, но ајде, нема да го кажам името на глас, за да не го направам тоа прерано, ако некогаш дојде до тоа. Имавме интересни разговори.“