Иако јавноста најмногу ја памети како љубовница на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, Моника Левински со години е активистка, а сега на социјално ангажиран начин зачекори во светот на модата.
50-годишната дама ретко се појавува во јавноста, но сега сними кампања за брендот „Reformation“, кој стои зад организацијата која ги мотивира жените да излезат на претседателските избори и да го дадат својот глас.
„Со гласањето, нашиот глас станува најмоќниот инструмент на демократијата. И оваа година, влогот е особено голем поради фрустрацијата на гласачите и апатијата што се заканува да има значително влијание врз излезноста“, рече Левински, пренесе „People“.
„Убава си“, „Никогаш поубава“, „Не знам на која фотографија си поубава“, „Секоја чест“, „Сјаеш“, „Се обидоа да те закопаат, но не знаеа дека си супермодел“, се нижеа комплиментите.
Моника до ден денес го има прекарот „најпознатата љубовница на светот“, кој го стекна во 1998 година, кога светот дозна за нејзината афера со тогашниот американски претседател Бил Клинтон.
Во Белата куќа дошла во 1995 година како практикант, а непосредно пред аферата да излезе во медиумите, Моника била префрлена во Пентагон бидејќи мислеле дека поминува премногу време со претседателот.
Левински призна дека имала секс со Клинтон девет пати во нејзината канцеларија во Белата куќа. Иако Клинтон беше ослободен од сите обвиненија за импичмент за лажно сведочење и попречување на правдата, скандалот предизвика долгорочна штета на угледот на Моника.