Дева Касел ја продолжи соработката со Долче и Габана, која мајка ѝ Моника Белучи ја градеше со години.
18-годишната манекенка дефилираше на ревијата на италијанскиот бренд во Милано, презентирајќи сексапилна креација со чипка од колекцијата за сезоната пролет/лето 2023.
Додека убавата девојка чекореше на модната писта, Белучи гордо ја следеше од првиот ред.
57-годишната актерка носеше црна модна комбинација.
За вечерната забава организирана од брендот, Белучи позираше со Ким Кардашијан, која ја дизајнираше колекцијата заедно со Доменико Долче и Стефано Габана.