Една до најубавите глумици на светот Моника Белучи својата убавина и сексипил ја демонстрираше во новото издание на “Madame Figaro“.
54-годишната актерка во креации на Диор, Долче и Габана, Џанвито Роси и Александар Воте позираше во фотосесијата направена покрај безенот.
Инаку, Моника до неодамна беше во врска со 37-годишниот артист Николас Лефевре а за време на интервјуто за списанието, убавата Италијанка уште еднаш потврди дека романсата со Николас заврши, но изјави дека не е сингл. „Реков дека нашата врска заврши, не реков дека сум сингл“ – изјавила Моника.