Омиленото парче на Моника Белучи за пролет 2022 е припиено кожно здолниште, во кое едноставно изгледа боженствено.
Овој модел можевме да го видиме на модните писти, во уличната мода, но и на насловните страници на модните списанија.
Но, веруваме дека актерката го украла шоуто со фотографијата објавена на нејзиниот Инстаграм профил. Моника на 58-годишна возраст нема на што да ѝ позавидува на нејзината ќерка, супермоделот Деви Касел. Напротив, таа не престанува да изненадува со нејзините сензуални и елегантни изданија, како овојпат во црно од глава до пети со потписот на Макс Мара.
Како да го копирате?
Ова миди здолниште не познава години, совршено е од утро до вечер, а ефектот варира од останатата комбинација. Асиметричен топ, елегантно палто, мокасини со потпетици или романтична блуза, се е дозволено доколку го следите вашиот стил. Оваа пролет можни се и топови, но и кошули кои го откриваат стомакот, како што налага сезонскиот тренд. Во тој случај, изгледот добива доза на лежерност.