Италијанската актерка Моника Белучи има нов дечко. Таа беше фотографирана од папараците додека се бакнуваше со 36-годишниот Николас Лефевре.
Фотографиите од 54-годишната актерка и ги објави списанието Voici.
Не се знае колку долго Белучи е во врска со Николас. Тој е поранешен модел, а сега е сопственик на галерија во Париз. Лефевра има ќерка од претходна врска.
Неодамна Моника сподели дека не е сингл, но не откри многу информации.
„Извесно време сум во врска со една личност“ – рече таа.