Моника Белучи ги покажа голите гради на гала во Париз (ФОТО)

by Тони Зографски

Италијанската и светска дива Моника Белучи (61), „Гранд Палас“ во Париз присуствувала на прославата на 200. роденден на „Фигаро“, најстариот весник во Франција, кој својот прв број го објавил на 15 јануари 1826 година. На настанот беа присутни и францускиот претседател Емануел Макрон, како и Бернар Арно, еден од најбогатите луѓе во светот, кој го предводи глобалниот конгломерат за луксузни стоки ЛВМХ.

Моника Белучи се појавила на таа прослава во стилот на вистинска ѕвезда. Едноставниот црн костум, со класичен крој, совршено ѝ стоел, а модното издание го разубавила со бордо чанта од „Сен Лоран“. Речиси и да не ги симна очилата за сонце, а вниманието го украл и еден интригантен детаљ – црна блуза, односно долна облека во таа боја, изработена од проѕирен материјал.

Моника Белучи

Моника Белучи, откривајќи можеби и повеќе отколку што требало, го поддржала трендот на предизвикувачка мода карактеризирана со таков разголен, па и далеку попровокативен стил.

Моника Белучи на тој начин го промовирала водечкиот тренд од светската сцена, како и многу други ѕвезди, но и го прекршила и светото правило за црвениот тепих што го следат познатите личности. Па така, за само еден месец, се појавила во јавноста во идентично модно издание. Во истата облека се појавила и на овој настан.

Моника Белучи
Моника Белучи

останати вести