Моника Белучи (58) важи за една од најубавите жени во светот. Познато е дека таа е голем борец против секакви естетски интервенции на лицето и телото кои би го забавиле природното стареење.
Убавата актерка се фотографираше на прагот на седмата деценија за насловната страница на магазинот „Мадам“ во многу смела комбинација.
На фотографијата таа носи црни панталони со висок струк во комбинација со проѕирна златна блуза, под која блеснаа нејзините голи, бујни гради.
– Феминизам е кога во целост можам да ја проживеам својата женственост- стои во нејзиниот став на насловната страница.
Инаку, Моника Белучи на Инстаграм ја следат повеќе од 4,8 милиони лица. Таа ја сподели фотографијата наменета за насловната на списанието „Мадам“ и освои 147.000 „допаѓања“ и голем број позитивни коментари за нецели 20 часа.
Моника ја имаше честа нејзината фотографија да биде претставена на изложба во галерија во Милано. Познатиот италијански фотограф Џан Паоло Барбиери, чијашто долгогодишна муза е актерката, ја фотографирал Моника Белучи во 2000 г. за познат моден бренд. Тогаш, според многумина, таа беше на врвот на својата кариера и убавина, иако и денес може да се пофали со неверојатна убавина.