Во полициската станица Центар вчера е пријавено дека на булеварот „Кирил и Методиј“ скокнало лице од стан на втор кат.
За брзо време на местото на настанот пристигнала полициска патрола која утврдила дека станува збор за Д.Б.(24) од Скопје, кој скокнал во присуство на екипа на Итна помош која претходно пристигнала на местото.
Тој бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.