Белгискиот Јутјубер, познат како YaNike, се најде во центарот на инцидент кој не остана незабележан од властите.
22-годишното момче објави видео на кое зема кофа полна со масло, вода, суви лисја и измет од кучиња и ја истура врз глава на патник во бриселското метро (STIB).
YaNike е познат по „јавните шеги“, а на неговиот канал може да се видат бројни видеа, пренесува The Brussels Times.
Во последното видео, момче се качува во возот, истура кофа и излегува надвор, додека луѓето гледаат шокирани.
Не знаеме која е причината за ваквата „акција“ (можеби кликови?), а надлежните бараат јутјуберот да добие соодветна казна.
https://youtu.be/6A3mY2x94DY
„Не можеме да толерираме такви постапки кон нашите клиенти. Се понижуваат и тоа е недозволиво. Дополнително, дотичниот го извалка и возилото“, изјави претставникот на СТИБ.
Компанијата поднесе жалба и бара YouTube да го отстрани клипот од платформата. Локалните медиуми јавуваат дека 19-годишен млад човек, жртва на бруталната шега, поднел пријава до локалната полиција.