Во загрепската населба Боровје, 26-годишно момче паднало од четвртиот спрат на зградата и се здобило со тешки телесни повреди.
Тој имитирал дека е пожарникар кој се спушта по цевка и од негово невнимание, дошло до несреќата која за среќа не била фатална.
Кај момчето биле измерени 2.3 промили алкохол, а своеволно излегол на терасата од четвртиот спрат на станбената зграда.
После тоа, тој ја прескокнал оградата и почнал да се спушта по цевката. Но, помеѓу четвртиот и третиот кат изгубил рамнотежа и паднал на земјата.