На премиерата на филмот „Господарот на мравките“ на филмскиот фестивал во Венеција синоќа се појави манекенот и актер Алесандро Егер (31), родум од Белград, во друштво на својата убава девојка Мадалина Дорофтеи.
Алесандро се појавил во елегантно издание – посебно скроено тегет одело, во панталони кои ги краси еден од главните машки трендови – кратки ногавици.
Сепак, најголемо внимание привлекле необичните чевли, односно лакирани мокасини кои целокупниот стајлинг го направиле да изгледа шик.
Мадалина исто така изгледала светски. Таа се определила за жолт фустан со златни детали и длабоко деколте. Целиот изглед го надополнила со накит и едноставни сандали, па нема сомнеж колку внимание привлекле на црвениот тепих.
Инаку, малкумина знаат дека Алесандро детството го поминал на Баново брдо.
„Мајка ми е Србинка, а татко ми Италијанец. Детството го поминав на Баново брдо во Белград каде ме одгледа баба ми затоа што мајка ми поради работа престојуваше главно во Италија“, открил во една прилика Алесандро.
За потсетување, Алесандро како дете се преселил во Италија од Белград, а покрај српските корени има и италијански, австриски, аргентински и холандски корени. Интересно е што уште како момче стана заститен знак на познатата чоколадa Киндер, на која е и денес.