Момчето (14) кое утрово пукаше во основно училиште во Белград, како што неофицијално дознава „Новости.рс“, е син на угледниот лекар, радиолог В.К.
Доктор В.К. до пред две години работел во Заводот за кардиоваскуларни заболувања на Дедиње.
Проф. Милован Бојиќ, не сакајќи да го доведе својот колега во никаква поврзаност со злосторството што го направи неговиот син, за „Новости“ изјавил дека сите на Дедиње го паметат угледниот радиолог како исклучителен стручњак и човек.
Доктор В.К. потекнува од угледно семејство на интелектуалци, а синот кој го извршил масакрот во училиштето го добил во првиот брак.
Да потсетиме, К.К. (14) утрово пукаше во основното училиште „Владислав Рибникар“ при што уби девет лица, а 15 од нив се ранети.