Едно лице загина во експлозија на такси во Ливерпул кога бомбаш самоубиец активирал бомба. За среќа таксистот преживеа, а избегната е поголема трагедија со оглед на тоа што експлозијата се случила пред болницата.
Надзорните камери го снимиле моментот на експлозијата.
На снимката се гледа како такси возило влегува на паркингот на болницата и експлодира во моментот на паркирање, пишува Дејли Мејл.
Се чини дека таксистот Пери (45) бил заложник на бомбашите и дека им дал знак на граѓаните да не се приближуваат кон автомобилот, бидејќи на видеото се гледа како само неколку секунди по експлозијата, маж притрчал до возилото и го извлекол.
Според неофицијални информации, таксистот всушност го заклучил убиецот во автомобилот по цена на сопствениот живот и на тој начин го спречил да стигне до болницата и да ја активира бомбата.
Граѓаните сметаат дека станува збор за терористички чин, дека целта всушност била катедралата во Ливерпул, каде во моментот на нападот имало многу луѓе, но дека поради гужвите во градот, бомбашот го пренасочил таксистот кон болницата.
Се уште не се познати мотивите за експлозијата, како и кој е бомбашот-самоубиец, но во врска со случајот во областа Кенсингтон во Ливерпул се уапсени мажи на возраст од 21, 26 и 29 години за нивната вмешаност во експлозијата.
Фото: manchestereveningnews.co.uk