Директорот на Институтот за белодробни заболувања „Козле“ д-р Анѓелчо Андоновски, кој е и член на Комисијата за заразни болести, за Канал 5 вели дека во болницата во моментов се згрижуваат возрасни пациенти, родители на кои им треба хоспитализација, заедно со нивните деца.
Но, доколку болничките кревети во Инфективна и во модуларната болница се полни болните ќе се праќаат во „Козле“.
Тој не смета дека треба да се воведе полициски час, а моменталната состојба со коронавирусот ја оценува како „трета светска војна“, но здравствена.