Ријана одбројува ситно до породувањето, а речиси цела бременост не се откажа од трендот на гол стомак.
Една од најголемите ѕвезди на денешницата на својот Инстаграм профил објави фотографии на која се се сонча топлес и повторно предизвика коментари во јавноста.
Оваа 35-годишна ѕвезда во текот на првата бременост често привлекуваше внимание со своите комбинации и гордо го покажуваше својот стомак. Но, мислењата беа поделени. Многумина сметаа дека претерува со своите модни комбинации во бременоста.
Инаку, Ријана својата втора бременост ја објави на настапот на „Super Bowl“ кој беше одржан во февруари годинава.
Нејзината бременост ги изненади фановите на пејачката поради тоа што во мај минатата година таа стана мајка. За медиумите тогаш изјави дека првата бременост не била планирана, а за втората бременост сè уште не се огласила со детали.