Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски во Студио 10, најави можно укинување на евтината дневна тарифа на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.
„Побаравме анализа од МЕПСО и пиковите се од 14 до 16 часот во периодот на евтината струја.Тогаш најмногу има потрошувачка на струја ние сме единствената земја каде има евтина тарифа во текот на денот. Ги правиме последните анализи, ќе направиме се да ја спасиме дневната евтина тарифа“, рече Бислимоски додавајќи дека ноќната тарифа никогаш не била доведена до прашање.
Што се однесува до поскапување на струјата, тој најави дека зголемувањето на цената за 2022 година за домаќинствата и малите потрошувачи ќе биде поголема од 10 отсто, наспроти тврдењата на министерот за економија Крешник Бектеши дека нема да биде поголема од тој процент.
„Очигледно е дека ќе има покачување на цената на електричната енергија, минатата недела трите компании испратија барања. Сите компании ќе треба да излезат од својата конфорна зона, ќе треба да дадат дополнителни напори за да се преживее оваа година. Постои незадоволство кај компаниите, но во кризна година сите треба да го понесеме товарот.