Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус во Токио, пред 138-та седница на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), предупреди на закана од поопасен вид коронавирус отколку варијантата Делта.
– Колку е пораспространет (вирусот), толку повеќе варијанти ќе се појават, со потенцијал да станат уште поопасни од варијантата Делта, која прави толку многу штета во моментов. И колку повеќе варијанти има, толку е поголема можноста некои од нив да бидат неранливи на вакцините – и сите ќе се вратиме на почетокот, рече Тедрос.
Според него, пандемијата на коронавирусот е тест со кој светот сè уште не се справил.
– Често ме прашуваат: кога ќе заврши пандемијата. Навистина, вирусот и пандемијата не ставија пред многу прашања. Пандемијата е тест и светот не се справува со тоа, рече Гебрејесус, додавајќи дека до крајот на Олимписките игри во Токио, на 8 август, се проценува дека во светот од коронавирус може да починат повеќе од 100.000 луѓе
Comments are closed.